Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од оваа година започнува да ја организира манифестацијата „Ден на читателот“ посветена на читателите во Република Македонија.
На овој ден во чест на читателите кои учествуваат во одредувањето на најчитаниот македонски автор ќе се доделува традиционалната награда Најчитан автор.
Оваа година програмата опфаќа свеченост на која ќе биде доделена наградата, а потоа ќе се одржи трибина посветена на читателите со цел да бидат претставени искуствата околу корисниците на библиотеките, популаризација на книгата, како и размена на нови предлози и иницијативи за привлекување нови корисници и поттикнување на читањето.
Трибината ќе биде отворена за целокупната јавност и на неа освен претставници на библиотеките, ќе земат учество и писатели, преведувачи, издавачи, како и читателите.
Покрај тоа, на овој ден сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на манифестацијата ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од афирмираните македонски писатели чии дела се објавени во едицијата 135 тома „Македонска книжевност“ како и изданијата на НУБ „Св. Климент Охридски“ по исклучително ниски цени.
Исто така, на секој корисник на НУБ што ќе се легитимира со членска карта, на овој ден ќе му биде подарена една книга од новата издавачка продукција во Република Македонија.
Манифестацијата Ден на читателот, проект посветен на читателот како една од најважните алки во библиотечната дејност, ќе се одржи на 10 март, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје во соработка и со учество на сите јавни библиотеки во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фримзим Даути нов директор на НУБ „Св. Климент Охридски“
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“
-
Николаус Вирвол од Германија и митрополитот Мелки Јурек од Сириската православна црква во посета на НУБ
-
Светскиот ден на поезијата-21 март ќе се одбележи во НУБ „Св. Климент Охридски“