| четврток, 6 декември 2018 |

Николаус Вирвол од Германија и митрополитот Мелки Јурек од Сириската православна црква во посета на НУБ

Во посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје престојуваa неговата еминенција монсињор д-р Николаус Вирвол, еден од основачите и долгогодишен управник на Институтот за Источни цркви во Регенсбург, Германија и неговото високопреосвештенство, митрополитот на Адаман, Мор Григориос Мелки Јурек од Сириската православна црква.На состанокот на директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, д-р Иван К. Заров со д-р Вирвол и со митрополитот  Мелки Јурек, присуствуваше и деканот на Богословскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.

На средбата се разговараше за културните и историските врски меѓу Истокот и Западот и за значењето на промоцијата на македонското средновековно културно наследство во западниот свет, со акцент на средновековните словенски ракописи од Македонија.

Монсињор Вирвол беше гостин на свеченото отворање на изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ што НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ја организираше во Ватиканските музеи по повод  20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Светата Столица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top