Tемелите на Големата џамија која ќе се наоѓа во центарот на Тирана, на свечен начин денеска се ставени на плоштадот пред парламентот. Тоа ќе биде една од најголемите вакви верски објекти во Европа, со простор за молитва за околу 10 илјади верници.
Во обраќањето на големот број присутни премиерот Сали Бериша овој настан го оцени како историски.
– За Тирана и за Албанија 20 април, денот на раѓањето на Мухамет претставува голем и значаен ден зашто на овој ден ние ја почнуваме изградбата на најголемата џамија во главниот град и целата земја. Ова е голем настан зашто денес се одделуваме од предрасудите, кои дваесет години ја попречуваа изградбата на оваа џамија – изјави Бериша.
Одлука за изградба на џамијата во средината на септември лани донесе Претседателството на албанската муслиманска заедница, нарекувајќи ја истата историска.
Џамијата се гради на површина од 2570 квадратни метри, земјиште во сопственост на заедницата, кое со одлука на владата и беше вратено во пролетта минатата година.
Проектот на “БИГ-Студио”, беше избран како најдобар на конкурсот што го сроведе општина Тирана во мај 2011.
Нема информации колку ќе чини нејзината градба и кој ќе го финансира тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



