| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Изградбата на автопатот Кичево-­Охрид се одвива со добра динамика

грујо

Пробиени се 83 проценти од трасата за изградба на автопатот Кичево­Охрид, инвестиција од 375 милиони евра. Во градежните активности се вклучени 1.200 работници, информира претседателот на ВМРО ­ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на кичевскиот регион. Градбата на 57 ­ километарскиот автопат, како што рече, се одвива со добра динамика. ­

-Тоа е голема инвестиција, голем зафат, со голем број вработувања. Работите одат во добра насока. Ангажирани се голем број фирми, ангажиран е голем потенцијал. Планот е да се заврши до почетокот на 2018 и засега работите се одвиваат според предвидената динамика- изјави Груевски.

Изградбата на овој автопат, како и обновата на три вакви делници што се планираат за годинава, во вредност од 70 милиони евра, според Груевски, ќе дадат нов импулс за градежниот сектор годинава. Како што најави, почнува рехабилитација на автопатот Миладиновци ­Куманово, автопатот Неготино­Демир Капија и Требениште­Струга. Владата и ресорното министерство, информира Груевски, разгледуваат две опции и за реализација на проектот за изградба на автопатот Кичево Гостивар, преку јавно приватно партнерство или со заем од Европска банка за обнова и развој. ­

-Во изминатиот период се направени максимални напори да се најде решение за изградба на тој автопат. Постојат два начина, преку земање заем и преку јавно приватно партнерство. Се обидовме со јавно приватно партнерство, но немаше интерес со условите што беа поставени. Сега се подготвени нови услови во разговори со многу компании. Некои од нив не информираа дека се подготвени, под мошне поволни услови да влезат во вакво партнерство. Но, во секој случај ако и овојпат не успее јавното приватно партнерство, веќе почнавме комуникација со ЕБОР. Банката начелно ни даде согласност дека ако се одлучиме за заем ќе го поддржи проектот – појасни претседателот на ВМРО ­ДПМНЕ.

Според него, речиси е сигурно дека проектот ќе се реализира, но во наредните месец два активностите ќе се прецизирааат и ќе с едонесе конечна одлука која опција ќе биде одберена. Конечната одлука, како што рече, ќе биде проценка на економскиот тим на Владата зависно од информациите што ќе се обезбедат во однос на условите за изградбата на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top