На повеќе места во Македонија, особено во југоисточниот и источниот дел од земјава, попладне се очекува нестабилно време со грмежи и пороен дожд и до 30 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, особено во источна и северна Македонија.
Нов влажен бран се очекува во сабота и недела кога повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.