Институтот „Јунус Емре“ од Скопје во соработка со Универзитетот Газиантеп од Турција и Агенцијатa за развој „Ипекјолу“ вечерва, 9 март, во Домот на Армијата од 19 часот организира концерт..
Како што соопшти „Јунус Емре“, на концертот ќе бидат изведени ритуалот сема, турски народни ора и турска музика.
Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушаат турски народни песни со анадолиски мотиви и да видат фолклорни носии од различни анадолиски региони.
Вечерта ќе биде збогатена со прикажување на “Сема” (дервишко вртење со познатата филозофија за љубов и сочувство на големиот поет, гуру Џелалудин Мевљана Руми).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.