Пасошот е клуч за влег во друга земја, а тој се изработува само во неколку одредени бои. Генерачно, пасошите се со црвена, сина, зелена и црна боја. Правилата се ограничени на овие четири бои, а можно е да се изработат во различни нијанси на овие бои.
Постојат различни причини поради кои земјите се решаваат која боја ќе ја користат на пасошот, но обично тоа се географски и политички мотиви. Членките на ЕУ ја користат темноцрвената боја, а членките на Кариком користат сини. Кариком е организација на 15 карипски народи кои се здружиле поради економска интеграција и соработка. Некои сметаат дека бордо бојата е дел од комунистичкото минато, а сините патни исправи се симбол на новиот свет – Северна и Јужна Америка, Океанаија и тн.
Кај некои земји во одбирањето на бојата на пасошот улога игра верата , така што бројни исламски земји користат зелени пасоши поради важноста на таа боја во нината религија. Се верува дека зелената боја е омилена боја на пророкот Мухамед, а воедно е симбол на природата и животот. Другите нации ја одбираат бојата по индивидуален карактер и идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.