Анимираниот проект „Јон Вардар против Галаксијата” е избран во официјалната селекција на десеттиот пазар за анимации Animation Production Day во Штутгарт, Германија.
Проектот на „Линкс студио“, по сценарио и режија на Гоце Цветановски, досега беше претставен и на филмските пазари во Париз и Мајами и на копродукцискиот пазар „Софија митингс“ во Бугарија.
– Се надеваме дека интересот на меѓународно ниво ќе придонесе за побрзо заокружување на финансиската конструкција на филмот и од септември официјално би почнале со продукција. Засега, имаме екстремно позитивни реакции и за естетиката, за што е заслужен нашиот арт-директор Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, и за квалитетот на анимацијата за која е одговорен Бенжамин Хотон, директор на анимација од Франција, изјави Марко Угарковиќ, директор на „Линкс студио“.
Сценаристот и режисер Цветановски е задоволен од успешната презентација на проектот на сите релевантни анимациски пазари и форуми за содржини за деца.
– Со ова докажавме дека Македонија има капацитет за изработка на долгометражен анимиран проект со светски квалитет и се надевам дека „Јон Вардар“ ќе израсне во препознатлив македонски бренд. Покрај филмот, подготвувавме и ТВ-серија, како и неколку видеоигри кои се случуваат во истиот свет и со истите ликови, изјави Цветановски.
„Линкс студио“ е единствено студио во Македонија кое изработува рачна 2Д анимација.
Проектот „Јон Вардар против Галаксијата” го најавуваат како најсмешна вселенска опера на сите времиња, а македонската премиера се очекува во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура