
Македонската фолкерка Благица Павловска, која веќе има еден пропаднат брак зад себе, вели дека едвај чека пак да биде невеста и се надева дека во блиска иднина повторно ќе се омажи.
– Верувам во бракот како институција и ми значи потписот во матично. Сакам да се омажам и се надевам дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Во моментов сум среќна и заљубена, покрај мене имам партнер кој ме поддржува во се и тоа ми е најважно – откри фолкерката за „Вечер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


