| четврток, 6 декември 2018 |

Благица Павловска: Мажена сум, но не знам дали тоа ќе остане така

Благица Павловска пред неколку години изјавуваше дека го пронашла внатрешниот мир преку песна, љубовта кон саканиот и љубовта кон животните. Сега, во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“, пејачката откри дека нејзиниот Тале можеби и не е последниот маж со кого ќе биде.

  • Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица, јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив, ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“ – изјави Благица.

Таа неодамна настапи на фестивалот „Роса“ каде се појави во друштво на пријателка, но не и со нејзиниот партнер Тале со кого склучи граѓански брак пред четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top