Сигналот на четирите национални телевизии Канал 5, Алсат М, Сител и Телма, плус Алфа Тв не беше прекинат во ниту еден момент и гледачите на Бум ТВ непречено можеа да ги следат нивните програми. ОНЕ и Диги Плус работат според постојните закони и пропишана регулатива и ги почитуваат потпишаните договори со сите телевизии, се вели во соопштението.
Информациите и натписите како денешните, ОНЕ единствено ги сфаќа како атак врз најбрзо растечката ТВ платформа во Р.Македонија – Бум ТВ.
Бум Тв и во иднина продолжува да работи за доброто на своите корисници практикувајќи високи и професионални критериуми во своето работење, велат од ОНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


