„Авалон продукција“ за првпат самостојно ќе се претстави на словенечкиот пазар (не само како букинг-агенција, туку и како организатор) и тоа ни помалку ни повеќе, туку со спектакуларен концерт на легендарните „Вајтснејк“, на 12 јули во љубљанската хала „Тиволи“.
Токму со љубљанскиот концерт, „Вајтснејк“ ја отвораат европската турнеја во рамките на турнејата „Најдолемите хитови“, коjа славните рокери неодамна ја најавија, а која ќе опфати настапи во повеќе европски градови.
Мегаплатинестите „Вајтснејк“ неодамна ја завршија „The Purple“ турнејата и веднаш ја најавија јубилејна турнеја за 2016 година, насловена „најголемите хитови“, која ги вклучува најголемите хитови и песни од култните албуми „Slide It In“, „Whitesnake„ (1987) и „Slip Of The Tongue“.
– Со голема возбуда го очекуваме концертот во Љубљана, во рамките на „Најголемите хитови“, по 40 години активно настапување и пишување музика. Додека го пишувам ова, ние го завршивме нашиот исклучително успешен концертен циклус за 2015 година, откако го објавивме „The Purple“ албумот. Почестен сум што имав турнеја низ овој неверојатен свет со кој ја делам музиката веќе 40 години, славејќи незаборавни моменти, со милионска публика… Им благодарам на сите што беа дел од ова наше заедничко патување во период од над 4 децении- изјави Дејвид Ковердал.
Влезниците за концертот на „Вајтснејк“ во Љубљана се пуштени во продажба преку глобалната мрежа на „Евентим“, по цени од 49 евра за фан пит, 44 евра за трибини и 39 евра за партер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.