Значителен пад на пријавување работници со скратено работно време, односно трансформација во редовен работен однос е постигнато со последните активности на Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, забележаа првите луѓе на овие институции, Спиро Ристовски и Горан Трајковски.
Директорот на Управата за јавни приходи Трајкоски денеска на прес-конференција информираше дека минатата година кај 9.281 работодавач со 83.659 вработени имало 20.260 со скратено работно време или 24,5 отсто, заклучно со вчера борјот на работодавачи кои имаат работници со скратено работно време е намален 8.468 компании.
– Бројот на вработени е зголемен од 83.659 на 88.436, а бројот на вработени со скратено работно време од 20.260 е паднат на 16.671. Се работи за 6,5 проценти за намалување на вработени кои се пријавуваат со скратено работно време, појасни Трајковски.
Тој нагласи дека најголем број вработени со скратено работно време има во трговијата на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна и оти тие се целни групи на посебна следење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


