Во администрацијата на општина Тетово нема да има отпуштања поради политичка или друга определба, изјави градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, јави МИА.
– Не сум дојдена во општината за некому политички да му се реванширам или да постапувам спротивно на позитивните законски прописи. Ги ценам и ќе ги ценам сите луѓе и вработените во општинската администрација исклучиво спрема работата која е нивната определба. Она што го барам од нив е можеби премногу работа, а нивните определби во најмала рака не се моја работа, рече Арифи одговарајќи на новинарско прашање.
– Ние не им ги продолживме договорите затоа што општина Тетово има 386 вработени што е голема бројка и важно е тие луѓе да работат интезивно и чесно и тогаш барем во оваа фаза не би имало потреба од дополнителни вработувања, истакна Арифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


