
Српскиот стратег Синиша Михајловиќ ќе го напушти „Сан сиро“ на крајот од оваа сезона. Тој одлучил да си замине, незадоволен затоа што нема комплетна поддршка од раководството на клубот, посебно од претседателот Силвио Берлускони, објави „Скај Италија“.
Уште од самото доаѓање во редовите на Милан, Михајловиќ не ги доби симпатиите на Берлускони. Тој уште од самиот старт истакнуваше дека резултатите се најважни за негов подолг престој на клупата на Милан. Сепак, медиумите на Апенините истакнуваат дека раководството не се потруди доволно за да му обезбеди конкурентен тим на Михајловиќ за борба за самиот врв на табелата во Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим


