28 годишен наркодилер од Скопје ноќеска е уапсен на булеварот Партизански одреди откако кај него се најдени 35 паковки кокаин.
Латифи Зекирија бил сопрен од полициска патрола ноќеска, 50 минути по полноќ, додека се движел со неговото ауди А3 по булеварот Партизански одреди. При претресот, кај него била пронајдена дрогата, по што тој му задал неколку тупаници во главата на еден од полицајците и се обидел да побегне. Сепак, брзо бил совладан и приведен во станица. Истражниот судија му одредил притвор од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


