| четврток, 6 декември 2018 |

Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ги снема од Бум ТВ

Пет телевизии, од кои четири со национална концесија и една локална од синоќа не се емитуваат на Бум ТВ.

Сител, Канал 5, Телма и Алсат и скопската телевизија Алфа претходно соопштија дека се здружуваат против превисоката сума за дигитализација која ја бара словенечки „ОНЕ“ која изнесува околу 150.000 евра годишно по медиум. Медиумите обвинуваат дека цената е превисока, економски неоправдана и неприфатлива, но и без гаранции за квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top