| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: Завршија деновите на илегална eмиграција во Европа

donald tusk

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, по самитот со турскиот премиер Ахмед Давутоглу, објави дека „завршија деновите на илегална eмиграција во Европа“.

  • Турскиот премиер потврди дека Турција ќе ги прими илегалните eмигранти што ќе бидат фатени во турските води – наведе Туск на „Твитер“.

Тој истакнал дека лидерите на ЕУ се услогласиле околу итната помош на Грција поради „тешката хуманитарна ситуација на теренот“.

  • И покрај добрата примена на заедничкиот Акциски план, приливот на мигранти од Турција во Грција и понатаму е голем. Мора да биде намален – наведува Туск.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top