| четврток, 6 декември 2018 |

Подароци за 8 март со кои не можете да згрешите

Ова е листа на предлози за подарок по повод 8 март, кои иако можеби се малку клише, сепак се безвременски и секогаш ќе бидат вистински избор.

rozi-v3.orig

Цвеќе
Со цвеќето никогаш нема да згрешите и ако за 8 март цвеќе не ви падна прво на памет, тогаш дефинитвно треба да посетите доктор. Секоја жена е слаба на убаво цвеќе, а оние коишто ќе ви тврдат спротивно исто така треба да побараат медицинска помош или да проверат од која планета се дојдени. Да не претеруваме со шегите и генерализациите, но, цвеќето е дефинитвно совршен избор.

masaza-blagodat-za-dusu-i-tijelo-26419-611x408-201210291119

Спа пакет
Во неколку наши продавници можете да пронајдете пакетчиња во коишто има сè за нега во бањата и се прекрасно спакувани токму за вакви пригоди. Цените не се преголеми и се движат од 300 денари нагоре. Ваше е само доволно да ја познавате својата дама и да знаете дали повеќе сака ванила или мирис на океан. Комбинирано со свеќите, ќе направите совршенство од подарок.

schokoladenherz

Чоколадо
Или подобро кажано, слатко. Жените ја поседуваат онаа вечна опсесија дека треба да бидат слаби, а тоа ги тера да мислат дека сè што има шеќер за нив е забранета зона. Е сега, сите знаеме дека она што е забрането е најпосакувано, па вие ќе им дадете совршен повод да си го погазат правилото, бидејќи нели, подарокот не смее да се одбие.

parfum-test

Парфем
Тука морате да бидете внимателни. Ако сте геј, метросексуалец или едноставно се разбирате од парфеми – трк до најблиската парфимерија, но ако не се разбирате премногу од женски мириси, тогаш попаметно ќе биде да одвоите добра сума пари и да и кажете на продавачката да ви понуди нешто за таа цена. Во спротивно, можете да погодите нешто неквалитетно или фејк.

nakit

Накит
Ова е слично на парфемот. Некои жени не сакаат накит, некои пак имаат строг вкус за тоа што е убаво, а што не. Генерално, жените сакаат додатоци од ваков тип на своето тело, меѓутоа, бидете сигурни дека ја познавате личноста за којашто купувате, бидејќи во некои случаи може да важи реченицата „ако не е злато, не е накит“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top