| четврток, 6 декември 2018 |

Загреб: Му удриле шамар среде кафуле, тој им вратил со бомба

Седум луѓе се повредени во експлозија на рачна граната во кафуле во загрепската населба Ботин. Тројца од повредените се во тешка состојба, а во инцидентот бил повреден и бомбашот кој подоцна сам и се предал на полицијата.

Според очевидците, 52 годишниот Б.Н. пред да ја фрли бомбата имал кавга со дел од гостите во кафулето, а еден од нив му влепил шамар. Човекот потоа заминал, некаде, но брзо се вратил со бомба која ја фрлил на масата каде што седеле луѓето со кои се расправал.

По експлозијата настанала општа паника меѓу гостите во локалот, но и меѓу жителите во околните згради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top