| четврток, 6 декември 2018 |

Балашевиќ ги врати насмевките во Скопје со турнејата „Осмех се вратио у град“

Славниот српски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ синоќа одржа концерт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Гостувањето е во рамките на неговата турнеја „Осмех се вратио у град“. Популарниот пејач минатата година им ја претстави на своите обожаватели новата песна според која е наречена сегашната турнеја.Нумерата е во препознатливиот стил на овој „панонски морнар“, но на репертоарот беа и теми од неговата богата долгогодишна кариера.
Не ги изостави песните како „Неки нови клинци“, „Божа звани Пуб“,  „Не ломите ми багрење“, „Свирајте ми, јесен стиже дуњо моја“.
Придружуван од бендот Панонски морнар“ и стандардните анегдоти, саркастични досетки, приказните од животот што со години ги вметнува во своите настапи, Балашевиќ присутните ги забавуваше до 1 часот по полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top