| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија најмногу трговски претпријатија, најголем број вработени во преработувачката индустрија

каса

Најмногу претпријатија во Македонија се занимаваат со трговија, а најголем број вработени има во претпријатијата од преработувачката индустрија, покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во 2014 година од анализирани 53.749 деловни субјекти со 353.312 вработени во кои е остварен вкупен промет од 1.012.301 милиони денари и e создадена додадена вредност од 213.205 милиони денари. Од анализираните 43 проценти се во секторот трговија на големо и мало каде се ангажирани 26,2 проценти од вкупно вработени и реалзиирани 43,7 проценти од вкупниот промет. Секторот Преработувачка индустрија, иако учествува сo 13,2 отсто во вкупниот број претпријатија, ангажира најголем дел од вработените, 30,7 отсто, кои, пак, реализираат 25,2 отсто од вкупниот промет. Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26,7 отсто) и од секторот Трговија на големо и на мало (23,6 отсто).

Во однос на големината, во 2014 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени учествуваат со 90,7 отсто. Во нив се ангажирани 32,9 отсто од вкупно вработените кои, пак, создале 22,9 отсто од вкупната додадена вредност. Во големите претпријатија (0,3%) се ангажирани 25 отсто од вкупниот број вработени со остварени 34,8 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top