| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски и Јанева го игнорираат кривичниот законик: Нема прогон за објавените снимки на Латас и Иванов

Ни по десетина дена откако се појавија снимките од приватните разговори на главниот уредник на „Сител“ Драган Павловиќ – Латас и сопственикот на овој медиум Горан Иванов ниту Министерството за внатрешни работи со кое раководи генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, ниту специјалната обвинителка Kатица Јанева надлежна за прислушувањето не даваат информации дали повеле постапка за овој случај, пишува „Дневник“.

oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376

Тие се однесуваат индиферентно и покрај тоа што гонењето за објава на незаконски прислушувани материјали е по службена должност, а и неколку закони ги обврзуваат на тоа. Притоа треба да се напомене дека се работи за тешко кривично дело за кое е предвидена казна и до пет години затвор имајќи предвид дека се нарушуваат уставно загарантираните права на приватност. Во јавноста снимките беа распространети преку интернет, а според првичните сомнежи потекнуваат од базата со 70.000 разговори што ја поседувал Захир Бекири–Чаушот и неговата фабрика за афери.

Иако неколкупати од „Дневник“ се обратиле и до МВР и до СЈО на Јанева да одговорат на прашањата дали се преземени некакви истражни дејствија за овој случај и дали ќе се оформи предмет и како е возможно приватни разговори да се појават во јавност имајќи предвид дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги предаде снимките, одговор не добиле.

Гонење по службена должност

Според последните измени на Kривичниот законик, направени во ноември, а произлезени од пржинските договори, се зголемија казните за објавувањето снимки од неовластено прислушување до пет години затвор. Објавувањето вакви материјали, наместо по приватна тужба како дотогаш, се гони по службена должност од страна на јавен обвинител.

– Со казна затвор од една до пет години ќе се казни тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана, стои во ставот 2 од членот 151 од Kривичниот законик.

Во Законот за заштита на приватноста, донесен, исто така, во ноември стои дека „секој што поседува материјали од незаконско следење на комуникации во согласност со членот 1 од овој закон е должен во рок од 20 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, во согласност со закон“.

Претходно, во договорот од Пржино стоеше дека СДСМ ќе се врати во Собранието на 1 септември 2015 година и дека потоа снимките што ги поседува Зоран Заев и партијата ќе бидат предадени на надлежен јавен обвинител. Наспроти сето ова, Заев дури во декември однесе некакви материјали во СЈО, со тврдење дека на Јанева ~ предава еден хард диск и шест кутии со материјали. Но, за процедурата не беше составен записник, па никој не знае (освен тие двајца) што всушност Заев и предаде на Јанева. Потоа изби аферата со Чаушот кога стана јасно дека СДСМ ги предавал снимките и на други лица.

Надлежен обвинител – Јанева

Во законот за СЈО стои дека „неовластено следење комуникации“ се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015. Надлежен за истражување и гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите е токму специјалната обвинителка. Ова значи дека токму Kатица Јанева уште до крајот на ноември требаше да им ги одзеде ваквите материјали на сите за кои постоеја некакви сознанија или сомневања дека поседуваат вакви материјали. Специјалното јавно обвинителство, според оваа одредба, треба да е гарант за материјалите, односно истите соодветно да ги чува и да ги уништи.

Наместо тоа, Јанева не презеде никакви дејствија за одземање на снимките пред се` од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој јавно се фалеше дека има првично 200.000 приватни разговори, потоа повеќе од 600.000 разговори, а сега и над еден милион. Kаде се` може да се распространети тие снимки, очигледно почнува да се покажува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top