Вооружен маж денеска уби едно лице и рани две други во австралискиот град Сиднеј, по што се самоуби пред да биде упасен од страна на полицијата. Инцидентот се случил изутринава во една фабрика во индустриската зона Инглбурн, во југозападниот дел на најголемиот град на Австралија, откако напаѓачот вооружен со автоматска пушка почнал да пука од објектот во кој е сместена фабриката. Веднаш по првите истриле, полицијата го блокира целиот реон, настојувајќи да го оневозможи напаѓачот.
Пред да се слушнат последните истрели, со кои тој самиот си го одзел животот, репортерите на австралиската телевизија соопштија дека забележале како три лица ја напуштаат згрдата. Полицијата не соопшти дали тие биле држени како заложници на напаѓачот. Не е соопштен ниту идентитетот на напаѓачот, а не се познати ни мотивите за ваквата негова постапка. Полицијата засега соопшти само дека едно лице е уапсено, под обвинение за попречување на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стотици пожарникари се борат со огнена стихија близу Сиднеј
-
Уште една трагедија: Автомобил влета во трговски центар во Сиднеј, има повредени
-
Голема поддршка „За заедничка Македонија“ од Австралија: Над 5.000 Македонци на протест во центарот на Сиднеј! (Галерија)
-
Македонците од Сиднеј со поддршка „За заедничка Македонија“: Никој нема право да се пазари за името, химна, јазикот и знамето на Македонија