Иако сме 20.000 км оддалечени од нашата родна грутка Македонија, ние Македонците од Сиднеј Австралија будно ја следиме политичката ситуација и сме длабоко загрижени за нејзината иднина, велат од македонската дијспора од Сиднеј.
-Две илјади години не распнуваат, не бришат, не делат и не бркаат во туѓи земји, но во нашите срца непрестано гори љубовта за Македонија. Каде и да сме расеани во светот со мислите сме во родната земја, земјата на нашите браќа, сестри, татковци, дедовци и предедовци кои ги дале своите животи за Македонија. Македонија е библиска земја запишана во Библијата од Бога и никој нема право да ја отпишува, да се пазари за нејзиното име, нејзината химна, нејзиниот јазик и знаме. Никој нема право да ја федерализира и распарчува. Ние ја поддржуваме иницијативата „За заедничка Македонија“ и сме против „тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, федерализација, промена на Уставот, знамето и химната. Ние не сме против другите народи што живеат во Македонија и ги повикуваме и тие да се приклучат во одбрана на она што ни го оставиле нашите татковци, велат Македонците од Австралија.
Тие им порачуваат на сите политичари, браќа и сестри кои се заведени од политичкото слепило и некаква идеја за подобар живот доколку се прифати тиранската платформа, да се разбудат и освестат зашто, како што велат, нашите деца, нашите поколенија ќе немаат свое парче на земја, и ќе бидат слуги во својата сопствена земја.
-Им порачуваме на сите странски политичари кои имаат за цел да ја распаднат Македонија, да ги тргнат рацете од оваа од века за нив посакувана земја зашто тука живее народ кој нема да потклекне на сите притисоци и ќе се бориме до последна капка крв. Македонија ќе постои додека има Македонци каде и да сме расеани по светот, стои во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.