Ракометниот клуб Металург во соработка со ортопедската куќа BAUERFEIND уште еднаш ќе излезат во пресрет на оние на кои им е потребна помош во моментов и најголемиот спортски настан во државата ќе го искористи да собере што повеќе средства за изградба на нов Детски ургентен центар.
За таа цел сите наши фанови кои поседуваат влезници за натпреварот со Виве Тарги Киелце во недела ќе можат по своја желба да донираат средства на посебно означени места во холовите на СЦ Борис Трајковски. На истите тие места ќе бидат делени навивачки реквизити (воздушни стапчиња) кои за овој голем настан ги набави ортопедската куќа BAUERFEIND.
Средствата ќе се донираат во специјално изработени кутии.
Се надеваме дека нашата публика уште еднаш ќе покаже голема хуманост се со цел собирање на што повеќе средства за Детскиот ургентен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“


