Германскиот канцелар Ангела Меркел се шокираше од податоците на Европската централна банка за благосостојбата на Германците. Според неа тие снижени и статистиката не ги зема во предвид сите аспекти.
Меркел е убедена дека Германците се многу побогати отколку што се зборува во истражувањето.
„Наведените податоци од банката не одговараат на реалноста,“ изјави таа за “Билд”. Меркел смета дека само на прв поглед граѓаните на земји како Шпанија, Кипар или Грција изгледаат побогати.
Истражувањето зема во предвид дека јужните Европејци имаат поголеми сопствени домови или станови, но се земени висините на пензиите. Во Германија постои ефикасен државен и приватен систем на пензиско осигурување. Освен тоа многу Германци имаат домови во странство, кои не се земени во предвид. Поради оваа причина Германците се покажаа посиромашни отколку жителите на останатите земји, објасни Меркел.
Според истражувањето, направено по нарачка на ЕЦБ, сопственоста на просечниот Германец изнесува 51 400 евра, на Австриецот – 76 400.
Во исто време просечниот жител на Кипар, кој штотуку беше спасен од банкрот, поседува богатство во вредност од 266 900 евра. Во Италија овој показател е 173 500 евра, а во Шпанија – 182 700 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


