Инвестициите во спортската инфраструктура се дел од пакетот проекти кој што беше објавен од ВМРО ДПМНЕ. 150 нови баскет игралишта, отворен базен во СЦ Борис Трајковски и во Шуто Оризари, нова Гимнастичка и тениска сала, како и нови Скејт паркови и Фитнес зони се дел од 34 те проекти кој што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше во изминатиот период.
–Работата и проектите се тоа по што политичарите треба да се одмеруваат и оценуваат. Не само по зборовите туку и по делата кои се оставаат. Колку добро направиле за народот, колку проблеми се решиле, дали се одговорило на барањата и потребите. Затоа е потребно отвореност и соработка со граѓаните, но и визија. Вие добро знаете дека внимаваме што ветуваме, и тоа што ќе го ветиме го исполнуваме. Нашата работа е мерлива и видлива, изјави Груевски на 18-ти февруари при последната промоција на мерки за млади.
Со цел промовирање на здравиот живот и кошарката како спорт како и тоа што “баскетот” меѓу младите станува еден вид на урбана култура ќе се отпочне со мега проект кој ќе значи изградба на 150 типизирани игралишта за Баскет, кои ќе бидат лоцирани ширум градовите на Република Македонија. Овој проект ќе биде надоградувње на проектите од областа на спортот, како шпто е изградба на 120 тениски игралишта, реализацијата на проектот за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта, и изградба на спортски сали.
Ќе се гради и нов отворен базен во Скопје како и изградба на Отворен пливачки базен во Шуто Оризари. Идејното решение за Шуто Оризари содржи изградба на два базена, големо и мало базенско корито, како и еден базен за одмор и релаксација. Скопјани ќе добијат и нова гимнастичка сала во спортскиот центар Борис Трајковски која ќе биде опремена по највисоки светски стандарди и ќе може да се одржуваат светски и европски првенста. Во рамки на салата исто така е проектирана трибина со 500 седишта, а под ист покрив ќе биде и затворена тениската арена. Ќе содржи три тениски терени и еден терен за падел тенис, додека еден тениски терен ќе биде мултифункционален и по потреба ќе може да се адаптира во три терена за падел тенис.
Младите на Универзитетот за информатички науки и технологии СВ Апостол Павле во Охрид ќе добијат нова спортска сала, така да непречено ќе може да ги обавуваат своите спортски активности. Истовремено се планира и изградба на нови скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово Со овој проект ќе се изградат нови скејт паркови во кој младите кои се занимаваат со екстремни спортови ќе можат да ги развиваат своите вештини како и нивните врсници во Европа и Светот.
Во соработка со општините, Агенцијата за млади и спорт ќе гради ФИТНЕС ЗОНИ низ 18 градови и места низ Република Македонија каде ќе бидат поставени соодветни спортски направи за одвивање на финтес активности. Проектот ќе започне да се реализира од октомври 2016та година и ќе биде по теркот на современите фитнес зони во другите метрополи низ Европа и Светот.
-Владата на РМ преку Агенцијата за млади и спорт интензивно работи на реализација на новите проекти кои се насочени за младите, а се во делот на спортската инфраструктура. Го избравме идејното решение за изградба на 18 фитнес зони во исто толку градови во Македонија и веќе работиме на основниот проект по што ќе распишеме тендер за избор на изведувач и надзорен орган и верувам дека некаде до почетокот на есента и ќе стартуваме со работа. Исто така интензивно работиме и на основните проекти и за изградба на 150 игралишта за уличен баскет и за изградба на 5 нови скејт-паркови во 5 градови во Македонија, а во максимално ниво на изработка е и основниот проект за изградба на отворениот пливачки базен во општината Шуто Оризари. Сето тоа е во насока на подобрување на спортската инфраструктура, и како поддршка на македонските спортисти, но пред се на младите луѓе бидејќи вложувањето во психо-физички здрава младина е секако капитал на секое општество. Сите овие проекти кои ги промовиравме како Влада, а веќе почнуваме да ги реализираме се континуитет на заложбите на Владата за подобрување на спортската слика во нашата земја, со што ќе се создадат соодветни услови за спортување на сите граѓани, особено на младите луѓе, вели директорот на АМС, Марјан Спасески.
Спасески нагласува дека до сега, во изминативе неколку години, како резултат на континуираната инвестиција во македонскиот спортски систем изградени се вкупно 220 спортски објекти само преку АМС, а со тој интензитет продолжуваат и оваа година.
-Имено, само годинава продолжуваме со градба на вкупно 22 нови повеќенаменски спортски игралишта, 18 нови тениски терени и сето тоа дисперзирано во сите градови во Македонија. Практично и не постои населено место и општина во нашата земја која што не е инволвирана во сите овие проекти за капитална спортска инфраструктура. Ако до пред 10-тина години општа констатација беше дека македонските граѓани, македонските спортисти, пред се младите луѓе, но и македонскиот образовен систем немаат соодветни услови за одвивање на наставата по физичко образование, денеска видно е променета спортската слика и со исто и уште позасилено темпо ќе продолжиме во иднина, бидејќи на тој начин создаваме услови за создавање на психо-физички здрава младина која ќе биде оттргната од пороците на современото живеење, вели Спасески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски