Грција до крајот на месецот можат да пристигнат уше 100.000 мигранти, предупреди комесарот на Европска унија за миграција Димитрис Аврамопулос, пред самитот ЕУТурција на кој се очекува решавање на мигрантската криза.
Тој на прес конференција во Атина посочи дека е потребно да се сменат правилата за азил за да се намали тензијатга. Во Грција во моментот има над 30.000 бегалци. За неколку недели ЕУ ќе најави ревизија на правилата за азил за да се обезбеди праведна дистрибуција на товарот и одговорноста, посочи Аварамопулос. На утрешниот самит во Брисел се очекува да биде извршен притисок врз Турција да прими повеќе економски мигрантии од Грција и да го намали бранот бегалци кои во Европа пристигнуваат преку Егејско Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)