| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоргиоски: Во мак-фудалот има место за сите, заедно и обединети сме посилни

ffm 1

Фудбалската федерација на Македонија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје го одржува Редовното Генерално Собрание, на кое се присутни 85 од вкупно 96 делегати со право на глас.

Собранието го отвори претседателот Илчо Ѓорѓиоски со воведен говор, истакнувајќи дека вратите на ФФМ се и секогаш ќе бидат отворени за фудбалските легенди и сите заедно треба да работат за доброто на македонскиот фудбал. Изработен и стратешки план за иден развој на фудбалот во Македонија.

ilco gjorgioski

– Сите ние кои сме долги години во фудбалот сакаме негово подобро утре. Не бегаме од одговорноста, не бегаме и од грешките, но чесно и посветено учиме од нив за да дојдеме до посакуваните резултати. Горди сме на тоа што го правиме со академијата и со работата во младите категории. Го изработивме и стратешкиот план за иден развој. Во иднина не чекаат многу проекти и затоа ни се потребни сите фудбалски лица да бидеме заедно…Вратите на ФФМ секогаш се и ќе бидат отворени за нашите легенди – изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, во својот воведен говор на Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација.

Потоа збор зема и високиот претставник на ФИФА, Ева Пасквер, која ја потенцираше посветената работа на ФФМ за фудбалот, истакнувајќи ги инвестициите во младинскиот фудбал. Организацијата на добиениот Суперкуп на Европа во 2017 година е само признание за таквиот начин на работа.

eva paskvar

– За нас е задоволство и чест што имаме партнер како ФФМ. Ова раководство направи многу за фудбалот во Македонија изминатиов период. Знам дека сте нетрпеливи и сакате резултати веднаш. Но, верувајте вие сте веќе на вистинскиот пат. Инвестициите во инфраструктурата и младите категории се факти кои не може да се премолчат… И ФИФА и УЕФА сето тоа добро го гледаат. И добиениот Суперкуп е само признание на сето она што во моментов го работи ФФМ. Вашата фудбалска федерација веќе се споменува во Европа како позитивен пример за начинот на кој треба да се води фудбалот. Затоа и оние резултати кои ги очекувате нема да изостанат, верувајте. ФФМ во ФИФА и УЕФА има искрени пријатели кои секогаш ќе ве поддржат и низ новите мисии кои ве очекуваат – изјави Ева Пасквер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top