Манчестер јунајтед летово повторно ќе троши сериозни пари на засилување на екипата, а едни од приоритетните трансфери ќе бидат Тони Крос од Реал Мадрид и Марк Бартра од Барселона.
Тони Крос оваа сезона игра под своите можности за Реал Мадрид и многу веројатно ќе биде еден од многумината од таборот на „кралевите“ кои ќе бидат ставени на трансфер-листата по завршувањето на оваа сезона по најавата за големата „чистка“.
Овој факт сака да го искористи премиерлигашот кој во Крос гледа идеален плејмејекер во средината од теренот со оглед на фактот дека Морган Шнајдерлин ја нема потребната креативност, а Бастијан Швајнштајгер е пречесто повреден за да се наметне како лидер во играта.
Марк Бартра речиси не добива шанса во таборот на Барселона, па челниците на Јунајтед сметаат дека овој фудбалер може да ја засили задната линија, која сезонава има сериозни проблеми со повредените фудбалери. Сезонава тој одигра вкупно девет натпревари за „каталонците“ од кои само на три беше стартер, а веќе не е ниту така млад за да седи на клупата и постојано да биде резерва. Премиерлигашот може да му понуди нешто поголема минутажа на 25-годишниот дефанзивец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.