| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе успеа да си ја исполни желбата, оваа сезона ќе вози во ЕТЦЦ шампионатот

idze-stefanovski-2

Македонскиот возач Игор Стефановски-Иџе го официјализираше неговото учество во Европскиот туринг куп. По две успешни сезони на ридски патеки во кои се закити со две европски титули, Стефановски влегува во нова авантура и се одлучи да се испроба на кружните патеки. Со тоа му се исполни големата желба од ридски патеки да се симне и да учествува на ЕТЦЦ шампионатот.

По тој повод минатиот викенд беше направен тест заедно со тимот со кој ќе настапува, словенечкиот Лема Рејсинг, а тимски колега ќе му биде Португалецот Фабио Мота.

Сезоната 2016 започнува на патеката Пол Рикар во Франција од 1-3 април, а за директен пренос е задолжен телевизискиот канал „Еуроспорт“.

igor stevanovski-idze

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top