Иако неодамна беше разочарана од последните испитувања, српската писателка Исидора Бјелица повторно има надеж дека ќе победи во нејзината макотрпна борба со болеста.
Таа веќе четири месеци се лекува во приватна болница во Скопје, а на својот профил на „Фејсбук“ соопшти добри вести.
-Од ситуација да имам 70 активни метастази, додојдевме до тоа да немам ниту една активна метастаза, тоа го покажа денешниот скен. Среќна сум што мојот живот ќе влеа надеж во животот на сите оние луѓе кои мислат дека нема спас, напиша Бјелица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.