| четврток, 6 декември 2018 |

Исидора Бјелица се разведува: На лечење сум во Скопје, моето срце не може да издржи толкава болка

300

Познатата српска писателка која веќе неколку години се бори со канцерот, се разведува од својот сопруг Небојша Пајкиќ. Веста се наоѓа на насловната страна на магазинот „Хело“, а писателката меѓу другото изјавила дека се наоѓа на лечење во Скопје и дека разводот и тоа како ја погодил.

– Јас како да умрев, моето срце не може да издржи толкава болка, изјавила таа.

За Бјелица, која веќе подолго време се бори со канцерот и јавно говори за оваа борба, ова е прв брак од кој има син и ќерка, а Исидора на Пајкиќ му е трета жена.

nas

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top