| четврток, 6 декември 2018 |

Наоми Кембел ќе го прославува роденденот со 200 гости и Дејви Гета на Ибица

Наоми Кембел за нејзиниот 43-ти роденден на 22 мај ќе организира милионска журка. Местото на одржување на големата прослава ќе биде во клуб на Ибица, а преку 200 гости ќе ги забавува Дејвид Гета и групата „Black Eyed Peas“, за чие гостување манекенката Наоми Кемпбел издвоила дури милион евра.

– Дејвид е нејзиниот омилен диџеј, а гостите ќе уживаат со морски специјалитети и скапи вина – вели еден нејзин пријател.

Покрај Кејт Мос, која веќе добила покана, на забавата со своите приватни авиони треба да дојдат и П. Диди, Леонардо ди Каприо, Деми Мур и Лени Кравиц.

Дека Наоми е галантна кон своите гости, веќе го докажа кога ја организираше забавата за своето момче, Владимир Доронин (50). За таа прилика, убавицата изнајми палата во која се славеше два дена, а Дајана Рос на „увце“ му пееше на милијардерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top