| четврток, 6 декември 2018 |

Јован Куциновски: Фотографиjата е силен медиум со коj jа пренесувам моjата приказна

Ма­ги­ја­та на фо­то­гра­фи­ја­та, на му­зи­ка­та, на фил­мот и на те­ле­ви­зи­ја­та но­сат раз­лич­на са­ти­сфак­ци­ја, но мо­рам да приз­на­ам де­ка сум мно­гу по­а­кти­вен во ви­де­о­мон­та­жа­та откол­ку во ре­жи­ја­та, ко­ја ја оста­вам за по­доц­неж­ни­те го­ди­ни, ве­ли Ку­ци­нов­ски

Со из­лож­ба­та на фо­то­гра­фии „Љу­ѓе“ пред три го­ди­ни, Јо­ван Ку­ци­нов­ски рас­ка­жа мно­гу ус­пеш­на при­каз­на пре­ку ли­ко­ви­те на фо­то­гра­фи­и­те, бе­ше хе­рој на де­нот ко­га из­ле­зе на пло­шта­дот во Охрид и сви­ре­ше на ги­та­ра­та кол­ку што го др­жеа пр­сти­те за средс­тва кои ги до­ни­ра­ше за по­мош на Оп­шти­на­та Но­ва­ци, на­стра­да­на во поп­ла­ви­те ми­на­та­та го­ди­на, ком­по­ни­ра и пре­ра­бо­ту­ва му­зи­ка, а по­во­дот за на­ши­от раз­го­вор е не­го­ва­та нај­но­ва из­лож­ба на фо­то­гра­фии…

 

Из­лож­ба­та „Фа­бри­ге зихт“ (farbige Sicht), ко­ја де­но­ви­ве е пред очи­те на јав­но­ста е Ва­ша вто­ра те­мат­ска из­лож­ба. Што до­не­су­ва и ка­ко на­ста­на?

Ку­ци­нов­ски: Из­лож­ба­та се со­стои од 23 пеј­за­жи си­те инс­пи­ри­ра­ни и си­те нас­ли­ка­ни во Швај­ца­ри­ја, во об­ла­ста Гра­у­бун­ден, ка­де што имав при­ви­ле­ги­ја да пре­сто­ју­вам три ме­се­ци. Бла­го­да­ре­ние на тоа што имав при­ви­ле­ги­ја да пре­сто­ју­вам на ова пре­крас­но ме­сто, ги соз­да­дов фо­то­гра­фи­и­те што де­не­ска се по­ста­ве­ни на из­лож­ба­та. Не­мав на­ме­ра да ги из­ло­жам и гла­вен „ви­нов­ник“ за се­то ова е Са­ша Шо­та­ров­ски, кој ин­си­сти­ра­ше да ја на­пра­вам и вто­ра­ва из­лож­ба, би­деј­ќи и пр­ва­та из­лож­ба, ко­ја се слу­чи во „Га­ле­ри­ја 8“ во 2013 го­ди­на, тој ја ор­га­ни­зи­ра­ше. То­гаш се прет­ста­вив со пор­тре­ти, а овој пат се пеј­за­жи.

 

Ва­ша­та пр­ва из­лож­ба бе­ше нас­ло­ве­на „Љу­ѓе“ и се со­сто­е­ше од пор­тре­ти… Овој­пат тоа се швај­цар­ски пеј­за­жи. Да­ли те­ма­та ве од­би­ра Вас или Вие неа? Ка­ков ви е на­чи­нот на ра­бо­та?

Ку­ци­нов­ски: За пр­ва­та из­лож­ба на ко­ја фо­то­гра­фи­рав пор­тре­ти имав уба­ви лу­ѓе око­лу ме­не кои спон­та­но ги фо­то­гра­фи­рав во те­кот на ед­на го­ди­на, а со пеј­за­жи­те бе­ше по­и­на­ку. Кај ме­не тоа е пер­и­о­дич­но. За­ви­си во ка­ква сре­ди­на ќе се нај­дам, та­ка и тво­рам. Во Швај­ца­ри­ја и да не сте фо­то­граф и да не сте љу­би­тел на фо­то­гра­фи­ја, са­ма­та при­ро­да ве те­ра да из­ва­ди­те мо­би­лен те­ле­фон или апа­рат и да фо­то­гра­фи­ра­те би­деј­ќи при­ро­да­та е пре­крас­на. Та­му не ми па­ѓа­ше на ум да фо­то­гра­фи­рам ни­што дру­го освен пеј­за­жи. Тоа е најв­пе­чат­ли­во. Тоа е исто ка­ко не­кој ко­га ќе дој­де во Охрид и ко­га ќе ви­ди зај­ди­сон­це и не по­мис­лу­ва да фо­то­гра­фи­ра не­што дру­го освен да го фа­ти мо­мен­тот на зај­ди­сон­це. Та­ка бе­ше и со ме­не во Швај­ца­ри­ја. На­се­ка­де бев оп­кру­жен со пре­крас­ни пеј­за­жи и на ум не ми па­ѓа­ше да фо­то­гра­фи­рам не­што дру­го освен тоа. Сѐ за­ви­си од про­сто­рот и од вре­ме­то во кое се на­о­ѓам и та­ка од­лу­чу­вам што да фо­то­гра­фи­рам.

 

Фо­то­гра­фи­ја­та е си­лен ме­ди­ум. Што прет­ста­ву­ва фо­то­гра­фи­ја­та за Вас? Ка­ко поч­на­вте да се за­ни­ма­ва­те со неа?

Ку­ци­нов­ски: Фо­то­гра­фи­ја­та за ме­не е мно­гу ин­те­рес­на ала­тка и на­чин да од­мо­рам, искре­но. Со фо­то­гра­фи­ја се за­ни­ма­вам уште од сред­но учи­ли­ште. Ми ста­на мош­не ин­те­рес­но и поч­нав да се ин­те­ре­си­рам за си­те тех­ни­ки, за ком­по­зи­ци­ски­от дел, за умет­нич­ки­от дел… Во се­кој слу­чај е си­лен ме­ди­ум, а де­не­ска е со­се­ма раз­лич­но би­деј­ќи се ра­бо­ти со ди­ги­тал­ни апа­ра­ти и ја не­ма ма­ги­ја­та на апа­рат со филм, ка­де што фо­то­гра­фи­раш 32 фо­то­гра­фии, па ги раз­ви­ваш и ду­ри то­гаш ќе ви­диш што си на­пра­вил. Се­га вед­наш се сѐ гле­да, па се бри­шат фо­то­гра­фи­и­те што не ти се до­па­ѓа­ат итн. Јас обич­но ве­лам де­ка де­нес и да не си мно­гу та­лен­ти­ран, ако си до­вол­но упо­рен, со де­неш­ни­ве апа­ра­ти ќе на­пра­виш до­бри фо­то­гра­фии. Кај ме­не се ра­бо­ти за па­си­ја. Јас не фо­то­гра­фи­рам за да по­ка­жам кол­ку пре­крас­ни фо­то­гра­фии сум на­пра­вил, или де­ка „из­мис­лу­вам топ­ла во­да“, ту­ку на­про­тив, ја чув­ству­вам ка­ко на­чин да пре­не­сам одре­де­на при­каз­на. За ме­не хо­би­то пре­рас­на во про­фе­си­ја, би­деј­ќи не сум изу­чу­вал про­фе­си­о­нал­но фо­то­гра­фи­ја, а од му­зич­ка на­о­браз­ба имам ни­жо му­зич­ко учи­ли­ште и се­то тоа го над­гра­ду­вам го­ди­ни­ве на­на­зад са­мо по­ра­ди љу­бо­вта.

 

Jovan-kucinoski-fotgraf-2

 

Што зна­чи нас­ло­вот на из­лож­ба­та „Фа­бри­ге зихт“ (farbige Sicht)? И ка­ко на­ста­на кон­цеп­тот за из­лож­ба­та?

Ку­ци­нов­ски: „Фа­бри­ге зихт“ (Farbige Sicht) во пре­вод зна­чи „обо­ен пог­лед“ и искре­но бев инс­пи­ри­ран од еден по­стер кој ви­се­ше на ѕи­дот од кан­це­ла­ри­ја­та во ко­ја ра­бо­те­ше мај­ка ми. На не­го бе­ше при­ка­жа­но не­кое езе­ро во Же­не­ва и цр­ква. Зна­чи бе­ше при­ка­жан пеј­заж во Швај­ца­ри­ја. Всуш­ност, тоа бе­ше пер­и­од, мо­же­би не­кој ќе се се­ти, ко­га сли­ки­те од бон­бо­ни­е­ри или ка­лен­да­ри на кои се прет­ста­ве­ни пеј­за­жи се се­чеа и се ле­пеа со се­ло­тејп на ѕи­до­ви­те… Јас ка­ко де­те че­сто ја гле­дав таа сли­ка кај мај­ка ми во кан­це­ла­ри­ја и тоа не­ка­ко ста­на пој­дов­на инс­пи­ра­ци­ја. Тоа е се­ќа­ва­ње од дет­ство­то и не­ка­ко се тру­дев по­го­ле­ми­от дел од фо­то­гра­фи­и­те да на­ли­ку­ва­ат на овие кои ми беа вре­жа­ни во се­ќа­ва­ње­то од дет­ство­то.

 

Ап­сол­вент сте на сту­ди­и­те за филм­ска и те­ле­ви­зи­ска ре­жи­ја, но Ва­ша љу­бов се и фо­то­гра­фи­ја­та и му­зи­ка­та. Ка­де се срет­ну­ва­ат фо­то­гра­фи­ја­та и му­зи­ка­та во тво­ре­ње­то?

Ку­ци­нов­ски: Се срет­ну­ва­ат. Си­те три ги ком­би­ни­рам на ин­те­ре­сен на­чин за ме­не и гле­дам да сум ус­пе­шен. Си­те тие ра­бо­ти, се­ко­ја по­е­ди­неч­но, ме ис­пол­ну­ва­ат на раз­ли­чен на­чин и ме пра­ват сре­ќен. Ма­ги­ја­та на фо­то­гра­фи­ја­та но­си раз­лич­на са­ти­сфак­ци­ја, фил­мот и те­ле­ви­зи­ја­та да­ва­ат дру­га са­ти­сфак­ци­ја, но мо­рам да приз­на­ам де­ка сум мно­гу по­а­кти­вен во ви­де­о­мон­та­жа­та откол­ку во ре­жи­ја­та, ко­ја ја оста­вам за по­доц­неж­ни­те го­ди­ни. Сме­там де­ка за филм тре­ба го­лем ан­гаж­ман, по­све­те­ност и зре­лост кај еден чо­век.

 

Ако тре­ба да из­бе­ре­те еден од овие ме­ди­у­ми за иска­жу­ва­ње на кре­а­тив­но­ста, кој би го од­бра­ле?

Ку­ци­нов­ски: Искре­но, не би са­кал да из­би­рам, за­што не мо­жам. Си­те ра­бо­ти што ги ра­бо­там во мо­јот жи­вот ги ра­бо­там со за­до­волс­тво и не би мо­жел да ре­чам, ов­де сум нај­до­бар… Сме­там де­ка за ме­не не ва­жи изре­ка­та „Ра­бо­ти ед­на ра­бо­та и би­ди ус­пе­шен во тоа“. Ме­не не ми е важ­но да сум ус­пе­шен, ту­ку да би­дам сре­ќен и за­до­во­лен. Ко­га чо­век е сре­ќен и за­до­во­лен со тоа што го ра­бо­ти, ра­бо­та­та ја за­вр­шу­ва со лес­но­ти­ја.

 

Да­ли под­го­тву­ва­ше не­кои но­ви про­е­кти? Што да оче­ку­ва­ме во ид­ни­на… филм, из­лож­ба, му­зи­ка?

Ку­ци­нов­ски: Имам мно­гу но­ви пла­но­ви на си­те по­ли­ња: му­зи­ка­та, фо­то­гра­фи­ја­та, на ви­део и на филм, но нај­бр­гу ќе се по­све­там на про­е­ктот за му­зи­ка­та. На­ско­ро по­втор­но за­ми­ну­вам во Швај­ца­ри­ја ка­де што ќе по­ра­бо­там по­ве­ќе на му­зич­ки план. Та­му умет­нич­ка­та стра­на е пос­ла­ба, др­жа­ва­та и лу­ѓе­то се на­со­че­ни на ме­ха­ни­за­ци­ја и пра­ве­ње па­ри, но мис­лам де­ка со мо­ја­та умет­ност ќе им да­дам до­за на бал­кан­ска све­жи­на би­деј­ќи гле­дам де­ка им го­ди.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 182. број на неделникот „Република“, 26.02.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top