Таткото на двајцата браќа осомничени за бомбашкиот напад во Бостон, Анзор Царнаев тврди дека неговиот син Џохар, кој се уште е на слобода, е паметно и образовано момче
Тој се јавил во агенцијата АП од градот Махачкала, во руската кавкаска Република Дагестан, откако американската полиција соопшти дека еден од неговите синови, 26-годишниот Тамерлан Царнаев е убиен, а по другиот 19-годишниот Џохар Царнаев се трага.
– Мојот син е вистински ангел. Џохар студент на втора година по медицина во САД. Тој е многу интелигентно момче. Го очекувавме да си дојде дома за празниците, изјавил таткото.
– Тие пораснаа во Киргистан, а пред седум-осум години дојдоа во Америка. Имавме семејни несогласувања па неколку години не бевме во контакт, но тоа утро ми се јави Тамерлан и побара од мене да му простам, раскажува Руслан.
Инаку, постариот брат Тамерлан загина синоќа во полициска акција во бостонското предградие Вотертаун, додека помладиот Џохар и понатаму е во бегство. Голем број специјалци се наоѓаат на улиците на Вотертаун, во предградието на Бостон, трагајќи по останатите осомничени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.