| четврток, 6 декември 2018 |

ИХФ одлучи, Тунис без двајцата голмани и тренерот на квалификациите за ОИ

tunis

Светската ракометна репрезентација ИХФ, ја донесе конечната одлука и ги соопшти казните за туниската ракометна репрезентацијата кои беа обвинети за напад на судиската двојка по финалето на Купот на Африкански Нации во Египет.
Дел ракометарите на Тунис остро реагираа на судиските одлуки и по загубеното финале ги загубија нервите и ги нападнаа судиите.

Така, селекцијата на Тунис на претстојниот предолимписки турнир во Гдањск, каде за противник ќе ја има и Македонија, ќе мора да си бара нов селектор откако актуелниот кормилар Силвен Нуе, заработи шестмесечна суспензија од сите национални, континентални и меѓународни натпреварувања. Тој веќе беше суспендиран на шест месеци од Африканската Ракометна Федерција, а сега таа суспензија се проширува на сите натпреварувања ширум светот. Се очекува на негово место на клупата на Тунис да седне Хафед Зуаби.

Воедно, за Тунис во Гдањск нема да можат да настапат и двајцата голмани на оваа селекција.Станува збор за голманот Мајед Хамза, член на Ал Рајан, како и Мохамед Сфар, кој настапува во тунискиот шампионат. Двајцата чувари на мрежата очигледно биле и најжестоки во нападот врз судиите, па заработија суспензии од по една година.

Останатите четири ракометари против кои имаше дисциплинска постапка, Махмуд Гарби, Собхи Сајед, Усема Хосни и Сејфедин Хмида, добија суспензија од по три средби, но само за африканските натпреварувања, што значи дека овие репрезентативни ќе можат да бидат дел од селекцијата на Тунис на претстојниот предолимписки турнир.

Јасно е дека со ваквиот развој на настаните уште повеќе се зголемуваат шансите за успех на Македонија во Гдањск, но клучно сепак ќе биде нашите ракометари да се покажат во своето препознатливо светло, бидејќи само со стопроцентно залагање и максимална игра може да се оствари успехот што сите го посакуваат – пласман на ОИ во Рио де Жанеиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top