| четврток, 6 декември 2018 |

Снег во Крушево, Маврово и во Лазарополе

Krusevo-prilog-1Снежна покривка од два сантиметра и темпеатура од два степена под нулата утрово се регистрирани во Крушево, Маврово и во Лазарополе.

Во другите градови температурата се движеше од 0 во Скопје, Крива Паланка, 1 Битола, Пожар, Претор, Охрид, 2 Тополчани, Берово, Прилеп, Пожаране, Тетово, Дебар, Скопје, 3 Виница, Штип, Куманово, Ѓуриште, Демир Капија, Струмица, 5 Гевгелија до 6 во Дојран.

Врнежи се регистрирани во Пожаране, Битола, Берово, Маврово, Тополчани, Ѓуриште, Тетово, Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Претор, Крушево, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Штип, Крива Паланка и Пожаране.

Времето утрово е  променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Претпладне со почести сончеви периоди, а од пладневните часови на планините, особено на запад и на север со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен западен ветер во западните делови, а во другите ветерот ќе биде северозападен.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со слаб локален дожд. Претпладне со почести сончеви периоди, а од пладневните часови на планините, особено на запад и на север со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен западен ветер во западните делови, а во останатите ветерот ќе е северозападен. Температурата ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди од пладневните часови со умерен северозападен ветер и со услови за слаб дожд. Температурата до 12 степени.

За време на викендот ќе биде стабилно и потопло, но утринските температури ќе бидат блиски до нула, а понекаде и еден-два степена под нулата. В недела и в понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер. Од понеделник вечер и ноќта кон вторник ќе настапи нов влажен бран проследен со врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top