| четврток, 6 декември 2018 |

Во договор со Спасовски повлечена полицијата и поставени шатори во Бутел

butel krst

Противниците на изградбата на крст во Бутел предводени од функционери на владејачката ДУИ и градоначалникот на скопски Чаир, Изет Меџети, кои се во целосна корелација и договор со техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски непречено се прошетаа низ Бутел и поставија шатори на местото каде што беа ставени темелите на крстот.

 

butel

По налог на Спасовски, полицијата која требаше да го обезбедува местото се повлече, а толпата го проби безбедносниот периметар и предизвика хаос на местото каде што треба да се гради крстот. Демонстрантите ги затрупаа темелите на крстот кои беа осветени пред неколку дена, ја срушија оградата и поставија шатори со албански знамиња околу местото.

DUI

Спасовски исто како и насобраните во обидот да се испазари не помисли на безбедноста на околните жители кои ја поддржаа изградбата на крстот.

Ова е уште една од низата постапки на генералниот секретар на СДСМ а во случајот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски со која докажа дека партиските интереси се пред интересите на македонската држава и македонскиот народ. Со неговите професионалци што ги внесе во МВР по партиска основа не може ниту да се очекува поенергична акција.

Срамот што го нанесе Спасовски со своето однесување и со партиските директиви од Зоран Заев е голем за целото МВР, но уште поголема е штетата предизвикана во министерството со хаосот што го создаде која може да се одрази по безбедноста на државата само затоа што сака од професионална институција  да создаде партиска полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top