| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со Хој Ји

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Брајант Хој Ји.

gruevski-sredba-brajant-hoj-ji-640x447

Соговорниците, соопштуваат од партијата, разговараа и за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза како и глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.

Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на престојните избори, на кој граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата.

gruevski-sredba-brajant-hoj-ji2-640x344

Тој додал дека од важен интерес за партијата но и за државата е тие избори да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажманот и посветеноста на сите чинители одговорни за процесот.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да придонесува за градење на демократски амбиент кој ќе биде во насока на спроведување на фер избори, истакна Груевски.

gruevski-sredba-brajant-hoj-ji1-640x307

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласил дека стратешки интерес е реализирање на евроатланските интеграции на Република Македонија, и станувањето на полноправна членка на НАТО алијансата.

Соговорниците разговарале и за глобалниот проблем со мигрантите и нациите и мерките за нејзино справување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top