Наместо мирни протести, како што најавија утрово од ДУИ, протестот против изградбата на крст во скопски Бутел се претвори во насилен.
Демонстрантите, предводени од функционери на владејачката ДУИ и градоначалникот на скопски Чаир, Изет Меџети, во Бутел ги затрупаа темелите на крстот кои беа осветени пред неколку дена, ја срушија оградата и поставија шатори со албански знамиња околу местото.
Додека нередите траеја полицијата, по наредба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, само набљудуваше и воопшто не реагираше, додека специјалните сили беа стационирани подалеку од случувањата.
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, изјави дека тие нема да се тргнат од местото, ќе се стационираат на локацијата се додека не се промени одлуката на општина Бутел, која според него не е во интерес на сите граѓани. Според Меџити, одлуката за поставувањето на крстот е провокација за сите Албанци, без разлика дали се тие муслимани, православни или католици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.