| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови премиери на сцената на битолскиот театар

Директорот на НУ Народен театар – Битола, Валентин Светозарев, денеска на прес-конференција соопшти дека ансамблот на овој театар ги почна подготовките на две премиерни претстави „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен во режија на Ѕвездана Ангеловска и претставата „Дива“ од Маријана Нола во режија на Софија Ристевска.

На средбата со новинарите во Битола Светозарев потврди дека во изминатиов период претставата „Травничка Хроника“ од Иво Андриќ, во режија на Бранко Брезовец, а во изведба на битолскиот театар, ја погледнале десетина селектори од регионот и пошироко и пристигнале првите покани од странство.

– На 1 јули ќе гостуваме на „Еуроказ“ во Загреб во рамките на манифестациите што ги подготвува Република Храватска за нејзино официјално пристапување во Европската унија, а во мај 2014 година ќе учествуваме на престижен театарски фестивал во Истанбул – истакна Светозарев.

Директорот на НУ Народен театар – Битола, Валентин Светозарев, на прес- конференцијата соопшти дека оваа национална установа со поддршка на Министерството за култура вработи уште четири млади актери, односно Александар Стефановски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски и Борче Ѓаковски, со што, како што нагласи Светозарев, бројот на нововработени лица во битолскиот театар во период од три години изнесува 24 лица, однив 12 актери. Со ова, како што додаде театарот во Битола, станува еден од најекипираните во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top