По вторпат е одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му се суди за примање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на државно земјиште во Струмица.
Судот одлучи рочиштето да се презакаже за наредниот месец, бидејќи ниту еден од адвокатите на Заев не бил во можност да присуствува поради патувања во странство.
Денеска беше втор обид за почеток на случајот. Судскиот процес во јануари започна неуспешно, кога Заев не се појави пред судот поради службен состанок со амбасадор.
Според обвинението, тој како градоначалник на Струмица во 2013 година побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица, а во кривичната пријава на МВР беше наведено дека Заев побарал 100 илјади евра за легализација на градежното земјиште и 100 илјади евра за изградба на црква.
На јавна седница за оценување на обвинителниот акт, која се одржа минатата година, oдбраната на Заев истакна дека описот на кривичното дело во обвинителниот акт не ги содржи главните елементи на кривичното дело примање поткуп, односно не постојат службени дејствија што ги презел Заев како градоначалник на општината, ниту, пак, постои материјалната корист, односно примени пари за извршената работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.