Осомничените за нападите за време на маратонот во Бостон се од руски регион близу до Чеченија. Тие живееле во САД речиси една година и се браќа, јавија американски медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Осомничениот по кој трага полицијата е идентификуван како Џохар Царнаев, 19-годишен кој живее во Кембриџ, Масачусетс.
Претходно, полицијата во Бостон соопшти дека од безбедносни причини е запрен јавниот транспорт во градот и во реонот околу него.
Мерката беше наложена во момент кога властите продолжуваат да бараат осомничен за експлозиите на Бостонскиот маратон. Полицијата рече дека јавниот транспорт е запрен до следната наредба, вклучувајќи и во Вотертаун, западно од Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.