Поддршката на рускиот претседател Владимир Путин го достигна својот максимум во изминатите четири години, покажува истражувањето на Серускиот центар за истражување на јавното мислење, јави ТАСС.
Седумдесет и четири проценти од Русија ќе гласаат за Путин, доколку тој се кандидира за претседател во 2018 година, 15 отсто нема да се определат за него, а 11 отсто се уште не можат да одговорат на тоа прашање.
Седумдесет отсто од оние Руси кои сметаат дека Путин се уште не реализирал многу од своите предизборни ветувања, сепак ќе го поддржат на претседателските избори по две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.