Им соопшти на продуцентите дека не може повеќе да биде дел од музичкото натпреварување.
Светлана Ражанатовиќ Цеца неодамна го одби учеството во жирито во третата сезона на „Пинк Ѕвезди“, по што челниците на телевизија Пинк решиле што поскоро да најдат соодветна замена.
Нивниот прв избор била Сека Алексиќ, која моментално е најголемата ѕвезда на издавачката куќа на Пин „Сити рекордс“.
-Штом слушнаа дека Цеца дефинитивно нема да биде член на жирито, ја повикаа Сека да ја замени, На неа многу и се допадна таа идеја, поради тоа што таквиот начин на експонирање на голем број пејачи им овозможил поголема популарност. Меѓутоа, кога дознала дека е во блажена состојба, Сека го побарала сопствениците на телевизијата и објаснила дека ќе мора да повлече во одреден момент. Со оглед ека долго ја посакуваше бременоста не сака да ја загрози на снимањата. Меѓутоа, доколку добро се чувствува ќе остане во судска столица до породувањето кое би требало да уследи во октомври – појаснува извор, а пренесува српски Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.