Жителите на Велика Британија ќе се изјаснат на референдум дали сакаат да останат во ЕУ или не на 23 јуни. Согласност за датумот вчера даде и парламентот.
Веста за одлуката ја соопшти премиерот Дејвид Камерон на неговиот твитер профил. Претходно и неговиот кабинет се согласи за датумот за одржување на референдумот.
- Тоа ќе биде една од најголемите одлуки со кои оваа земја ќе се соочи во текот на нашиот живот, рекол Камерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.