| четврток, 6 декември 2018 |

Каде е денес момчето од култниот филм „Кој тоа таму пее?“ (фото)

Ненад Костиќ дебитираше во познатиот филм „Кој тоа таму пее“ кога имаше само 11 години, во далечната 1980 година.

Screenshot_13

На почетокот на 90-тите години Ненад бил диџеј, потоа станал полицаец, за на крај да стане возач во белградското јавно сообраќајно претпријатие, каде вели дека патниците го препознаваат и се шегуваат дофрлајќи му „Вози, Мишко“.

Screenshot_22

Неговиот чичко, кој во филмот свири хармоника, во 1980 година го повикал со него да снима филм. Му објаснил дека сакал да му помогне на неговиот другар од војска Слободан Шијан, кој го режираше филмот и кој воедно бил негова дипломска.

Screenshot_31

Ненад никогаш не научил да ја свири култната песна, па во сцените е користен плејбек.

Целиот филм е снимен за само 26 дена, а Ненад добил хонорар од тогашни 1,5 милиони динари, што не било доволно ни да се купи ново „фиќо“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top