Селата Требовје и Волче се наоѓаат на 50 километри од Македонски Брод и се најдалечните места каде што тимовите од проктот „Рурален доктор“ обезбедиле здравствени услуги. Најстариот жител што го прегледале има 97 години, здравствената состојба му е добра. Висок крвен притисок и шеќер во крвта се најчестите дијагнози на лекарите при посетите на најоддалечените села.
„Континуирано воведуваме новини во функционирањето на проектот, како на пример воведената можност за издавање рецепти, во текот на прегледите кои ги вршат руралните доктори, констатирани се чести примери на детектиран висок крвен притисок кој дотогаш не бил регулиран или повисоко ниво на гликемија, што дотогаш не било контролирано“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Дел од жителите во руралните средини каде што нема лекар не биле ни свесни дека живеат со овие болести – покажале извештаите. За две години тимовите од проектот „Рурален доктор“ извршиле 160 илјади прегледи. Ресорното министерство најавува унапредување на проектот – ќе се ангажираат дополнителни тимови и возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил
-
Груевски и Тодоров разговaрaa по обидот за атентат